Пилотите на Мерцедес ќе стартуваат од првиот ред на утрешната трка за големата награда на Шпанија на патеката Каталуња. Нико Розберк ќе биде прв, а Луис Хамилтон втор.
Ова е трета пол позиција за Мерцедес во низа, откако Хамилтон беше на врвот од стартниот поредок во Кина, а Розберг во Бахреин.
За време на одлучувачката трета сесија во Барселона, Розберг двапати излезе на патеката, подобрувајќи се во вториот обид за една десетинка и со конечен резултат од 1:20.718 ја освои третата пол позиција во кариерата, иако никогаш претходно не бил повисоко од шестото место на патеката Каталуња.
За разлика од Розберг, кој имаше подобрување од една секунда меѓу втората и третата сесија, Хамилтон во единственото возење во третата сесија напредуваше само една десетинка и на крајот заврши нецели две десетинки зад тимскиот колега.
Со задоцнување од три односно четири десетинки, вториот ред го поделија Фетел и Раиконен, додека во третиот со речиси идентични резултати и половина секунда послаб резултат од пол позицијата се наоѓаат пилотите на Ферари, Алонсо и Маса.
Трката е утре од 14 часот.