Возачот на Мерцедес, Нико Розберг ќе стартува од пол позицијата на Големата награда на Бахреин.
Германецот стигна до првата пол позиција оваа сезона, а втора во кариерата со време од 1:32.330 минути.
Второ време оствари актуелниот шампион, Себастијан Фетел од Ред Бул, а трет беше Фернандо Алонсо од Ферари.
Вториот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон оствари четврто најдобро време, но заради промена на менувачот е казнет со пет места и ќе стартува како деветти.
Вебер беше петти, но по претходната трка за ГН на Кина доби казна од три места и ќе стартува како осми.
Така покрај Алонсо ќе биде неговиот тимски колега Фелипе Маса на четвртото место, а меѓу топ 10 се најдоа и Пол ди Реста и Адријан Зутил од Форс Индија, Кими Раиконен и возачот на Мекларен, Џенсон Батон.
Стартот на трката во Бахреин е во недела од 14 часот.