Кристијано Роналдо ќе се врати на „Олд Трафорд“ и повторно ќе игра за Манчестер Јунајтед, јавуваат медиумите во Англија.
И покрај поголемиот износ кој португалскиот репрезентативец би го добил за трансфер во ПСЖ, Роналдо го информирал својот менаџерски тим дека има желба да се врати во Манчестер и за двојно помала сума од 130 милиони фунти кои ги понудиле од францускиот клуб. В
о прилог на ваквите шпекулации одат и пофалните зборови од менаџерот на англискиот великан, Алекс Фергусон.
– Кристијано наполно е созреан како играч. Тој со своите 28 години е во врвот на фудбалската кариера, а така добро е подготвен што не пропушта ниту еден натпревар, истакна тренерот на Манчестер.
Роналдо првото враќање по заминувањето од „Олд Трафорд“ ќе го има во вторник на ревашот од Лигата на шампионите.
Неговиот сегашен клуб Реал Мадрид и неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед на реванш-осминафиналето стартуваат без предност, 1:1 беше на средбата во Мадрид.