Поранешниот најдобар фудбалер на светот и репрезентативец на Бразил, Роналдо изјави дека неговата репрезентација ќе го освои трофејот на Мундијалот, а за тоа вели дека најзаслужен ќе биде Нејмар.
– Нејмар е неверојатен играч. Млад е како што бев јас на моето прво Светско првенство во 1988 година. Сигурен сум дека добро ќе одговори на притисокот од јавноста која очекува многу од него. Верувам дека тој ќе биде најдобриот фудбалер на шампионатот, истакна Роналдо.
Тој изрази големо задоволство што неговата земја е домаќин на најголемиот планетарен фудбалски собир.
– Прекрасно е да се биде домаќин на еден од најголемите спортски светски настани. Ние го заслуживме тоа, бидејќи сме фудбалска нација. Треба да ја искористиме можноста пред светот да се претставиме во добро светло, нагласи Роналдо.
Бразилците играат во А групата заедно со Хрватска против која на 12 јуни го отвораат шампионатот, а другите две репрезентации се Мексико и Камерун.