Андреа Белоти вели дека одбил повеќе клубови пред да се согласи да се приклучи на Рома со необичен договор на една сезона со опција за уште две години на „Олимпико“, објаснувајќи дека амбициите на клубот под Жозе Мурињо го привлекле кај „волчицата“.
Поранешниот фудбалер на Торино беше слободен играч од 30 јуни, по што имаше понуди од Монца, Вулверхемптон и Галатасарај, пред да се реши за потпис за Рома.
„Амбициите и растот на Рома се јасни за сите и тоа беше најголемиот магнет. Во овој дел од мојата кариера, сакам да бидам уште подобар и мислам дека тоа можам да го направам воовој клуб. Сега, едвај чекам да ја чујам химната на стадионот, пред нашите фанови“, вели Белоти.
Белоти има 106 гола во 270 меча во Серија А за Торино и Палермо, каде што беше колега со Пауло Дибала.
Извор: Топспорт