РК Вардар закажа пет пријателски натпревари во подготвителниот период

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар во првата фаза од подготвителниот период од 27 јули до 22 август ќе одигра пет пријателски натпревари.

Подготовките за сезоната 2016/2017 Вардар ќе ги почне на 27 јули. За тогаш е закажан првиот собир во „Јане Сандански“, а набргу потоа екипа ќе замине на подготовки во Крањска Гора, Словенија.

Престојот во словенечкиот тренинг – центар е планиран од 1 до 12 август, период во кој веќе се закажани две пријателски средби со екипата на Горење. Натпреварите на 6 и 10 август ќе бидат првите тестови на екипата во пресрет на бурната сезона.

– Градењето на формата ќе ја продолжиме во Белорусија, каде што домаќин ќе ни биде тимот на Мешков. Во Брест ќе бидеме од 18 до 22 август, каде што ќе одиграме силен подготвителен турнир против домаќинот, Висла Плоцк и против француски Сесон Рен. Почнуваме со Французите на 19 август, наредниот ден играме со Висла, а на 21 против Мешков Брест. На 22 август екипата се враќа во Скопје, соопштија од таборот на „црвено-црните“.

Вардар и во новата сезона ќе влезе со амбиции освојување на трофеите во домашните натпреварување и пласман на „фајнл-фор“ во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски