Единствениот македонски атлетичар на Светското првенство во Москва, Ристе Пандев утре наутро ќе се појави во елиминационите трки на 100 метри.
На првиот ден од шампионатот Пандев ќе трча во првата од четирите групи.
19-годишниот Пандев е пријавен со својот најдобар резултат во кариерата истрчан оваа година во Правец на 15 јуни – 10.61 секунди.
За оваа фаза од трките се пријавени 30 натпреварувачи, а 10 ќе се пласираат во квалификациите.
Пласман во следната фаза ќе изборат првите двајца од секоја група и двајцата со најдобро време.