Ристе Пандев со најдобар резултат од македонските атлетичари во Баку

Од:

Македонскиот атлетичар Ристе Пандев на трката на 100 метри на Европските олимписки игри што се одржуваат во Баку го освои второто место и тоа беше најдобро постигнување на македонските атлетичари на денешниот ден. Тој патеката ја истрча за 10.70 секунди, што е негов најдобар резултат сезонава.

Македонската репрезентација во атлетика ја претставуваат 28 атлетичари, по 14 во двете конкуренции, а ќе се натпреваруваат во 42 дисциплини.

Атлетските натпревари се воедно и од 3.та лига од рамките на ЕАА на кој ќе учествуваат 14 држави и тоа: БиХ, Малите земји, Црна Гора, Грузија, Албанија, Андора, Молдавија, Австрија, Словачка, Израел, Азербејџан, Малта, Луксембург и Македонија.

Утре е вториот ден од атлетските натпреварувања на Европските олимписки игри во Баку.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта