Ристе Пандев и Фросина Ристеска најдобри атлетичари на Македонија за 2015 година

Од:

Атлетската федерација на Македонија на денешната свеченост ги прогласи најуспешните за 2015 година Ристе Пандев во машка и Фросина Ристеска во женска конкуренција.

Со постигнатите резултати како и настапот на првите Европски игри во Баку, Пандев и Ристеска заслужено ги понесоа признанијата за најдобри атлетичари на Македонија за оваа година.

Признанија за најдобри во младинска конкуренција добија Александар Танески и Дрита Исмаили, а за најуспешни помлади младинци беа прогласени Мартина Мироска и Никола Стојаноски.

За најдобри тренери признанија добија Ване Стојанов, Филип Колески и Влатко Давитков, додека Зоран Михајлов, Ристо Трајковски и Митре Кичевски се добитници на наградата за животно дело.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта