Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд го откажа настапот во репрезентацијата за претстојниот натпревар со Црна Гора.
Фердинанд на селекторот Рој Хоџсон му објаснил дека му е потребен одмор и дека термините за репрезентативни настап ќе ги искористи да ја санира во целост повредата на грбот.
Со ова завршија шпекулациите во фудбалската јавност во Англија колу тоа дали дефанзивецот на Манчестер ќе биде во составот на „Гордиот Албион“ или не.
Последниот репрезентативен настап за Англија Фердинанд го забележа во јуни 2011 година против Швајцарија.