Рио 2016: Србија и Кина полуфиналисти на женскиот одбојкарски турнир

Од:

На убедлив начин со максимална победа во три сета одбојкарките на Србија ноќеска ја совладаа фаворизираната Русија и си обезбедија место во големата четворка на Олимпискиот турнир во Рио.

Србинките го добија првиот сет со 25:9, во вториот беше 25:22, а третиот заврши со резултата 25:21.

Последни пласман во полуфиналната фаза обезбедија кинеските одбојкарки кои рано утрово беа подобри од домашната селекција на Бразил со 3-2, по сетови 15:25, 25:23, 25:22, 22:25 и 15:13.

Претходно своите четвртфинални мечеви ги добија САД и Холандија.

Двојки за полуфиналето:

Кина – Холандија и
Србија – САД.

Кај мажите денеска почнуваат средбите од четвртфиналето. Двојките се:

Италија – Иран,
САД – Полска,
Канада – Русија и
Бразил – Аргентина.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ