Претседателот на Олимпискиот комитет на Русија, Александар Жуков соопшти дека вкупната бројка на руски спортисти кои ќе настапаѕ на 31-те Олимписките игри во Рио де Женеиро ќе изнесува 271 натпреварувачи.
Изјавата на Жуков уследи откако претходно претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах изјави дека се уште не се знае колку спортсти ќе ја претставуваат Русија на ЛОИ.
– Во повеќето спортови е дозволено да настапуваат комплетни и да се натпреваруваат, изјави Жуков.
Според првичните најави, рускиот тим требаше да брои 387 спортисти, откако ИОК во средината на јули упати повик до спортските спортски федерации тие да одобрат листа на руски спортисти на кои ќе им дозволат учество на игрите, откако претходно Светската антидопинг агенција (ВАДА) заклучи дека во Русија се вршел систематски допинг.
Тогаш овие листи се предадени на трипартитната комисија на ИОК, која потоа ја донесе конечната одлука за учеството на руските спортисти во Рио.
Руските спортисти кои беа суспендирани, некои поединечно, а некои заедно тимски, поднесоа 11 жалби до Судот за спортска арбитража.
Можно е уште 14 руски спортисти во последен момент да добијат дозвола за учество на Игрите.