Ракометарите на Полска направија изненадување со победата над фаворитот Хрватска во четвртфиналето на ракометниот олимписки турнир во Рио.
Полјаците ноќеска славеа победа со 30:27 со што им се реваншираа на „коцкестите“ за поразот на Европското првенство на почетокот на годинава во нивната земја.
На другите три дуели од четвртфиналната фаза убедливи победи забележаа Данска над Словенија, Франција против Бразил и Германија над Катар.
Постигнати резултати:
Полска – Хрватска 30:27,
Данска – Словенија 37:30,
Германија – Катар 34:22,
Бразил – Франција 27:34.
Двојки за полуфиналето:
Полска – Данска и
Франција – Германија.