На Игрите во Рио ноќеска завршија три дисциплини од атлетиката. Златни медали освоија атлетичари од Канада, Кенија и Јамајка.
Резултати во финалето во дисциплината скок во височина:
1. Дерек Друин (Канада) 2.38 метри,
2. Еса Мутаз Баршим (Катар) 2.36
3. Бохдан Бондаренко (Украина) 2.33.
Атлетичарките ги поделија медалите во дисциплината 1.500 метри.
Златниот медал е за Фејт Чепнгетич Кипјегон (Кенија) 4:08.92 минути, среброто отиде кај Гензебе Дибаба (Етиопија) 4:10.27, бронзата е за Џенифер Симпсон (САД) 4:10.53.
Последната финална дисциплина на атлетските натпреварувања ноќеска беше трката на 110 метри со пречки во машка конкуренција.
Победи Омар Меклеод (Јамајка) со време 13.05 секунди пред Орландо Ортега (Шпанија) 13.17 и Димитри Баску (Франција) 13.24.