Натпреварите во веслање што требаше да се одржат денеска на Олимоиските игри во Рио се одложени поради лоши временски услови.
Стартот беше предвиден во 10:30 часот по локално време, а во два наврати и поместуван за по еден час, за на крајот организаторите да ги одложат натпреварите.
Причината е силниот ветар кој ги попречува натпреварувачите. Високите бранови и вчера беа пречка за натпреварување во регуларни услови, а прествниците на Србија, Васиќ и Беџик имаа и незгода бидејќи нивниот чамец се преврте.