Рио 2016: Олимпијадата не започна, а веќе соборен првиот светски рекорд

Од:

Иако 31-те Летни олимписки игри официјално ќе започнат со свечената церемонија на отворањето, закажана за ноќеска во 1 часот, во Рио веќе е соборен првиот светски рекорд.

Станува збор за Ким Ву-џин од Јужна Кореја, кој постави нов светски и олимписки рекорд во стреличарство во поединечна машка конкуренција.

Во денешните квалификации Ким оствари резултат од 700 погодени кругови, што претставува нов светски и олимписки рекорд во оваа дисциплина, со што тој се наметна како главен фаворит за златниот медал.

Негов главен конкурент ќе биде Американецот Бредли Елисон, кој имаше послаб резултат за само 10 кругови.
Финалните натпревари ќе се одржат на првиот официјален ден на Игрите.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ