Рио 2016: Одиграни првите натпревари на машкиот фудбалски турнир

Од:

Ден пред официјалниот старт на Олимписките игри во Рио беа одиграни натпреварите од 1.коло од машкиот фудбалски турнир.

Домаќинот Бразил кој важи за главен фаворит на турнирот одигра без голови во дуелот против Јужна Африка. И првиот меч од А групата меѓу Ирак и Данска заврши без голови.

Бранителот на олимпиското злато пред четири години Мексико ремизираше против Германија 2-2 во меч од Ц групата во која Фиџи загуби од Јужна Кореја со 0-8.

Во другите две групи:

Б група: Шведска – Колумбија 2-2 и Нигерија – Јапонија 5-4.
Д група: Хондурас – Алжир 3-2 и Португалија – Аргентина 2-0.

Првопласираните две селекции од секоја група ќе изборат пласман во четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ