Рио 2016: Одбојкарите на Русија ќе го бранат олимпиското злато

Од:

Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) и одобри на репрезентацијата на Русија да учествува на Олимписките игри во Рио де Женеиро.

Во соопштението на ФИВБ се наведува дека 30 руски одбојкари (во сала и оние кои ќе играат на терените на песок) имаат дозвола за настап, откако минатата седмица ФИВБ дополнително ги проверуваше списоците на тимовите кои ги доби од Одбјкарската федерација на Русија, а по допинг колективниот скандал во Русија, од кој не беа одминати и одбојкарите.

Александар Марки беше позитивен на тестовите направени во јануари и привремено суспендиран, а ФИВБ по разгледувањето на случајот реши дека Маркин не е виновен и иако ги прекршил допинг правилата, но дека рускиот одбојкар немал намера да го направи тоа, по што беше ослободен од обвинението.

Со дозволата која ја даде ФИВБ, машката репрезентација на Русија ќе има можност да го брани златниот олимписки медал кој го освои пред четрири години во Лондон.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ