Од македонските спортисти прва на борилишата на Олимписките игри во Рио ќе се појави Нина Балабан во стрелаштво.
Таа денеска на првиот ден од Игрите ќе настапи во дисциплината 10 метри. Натпреварот (квалификации) почнува во 8:30 часот по локално време или 13:30 по македонско.
Во оваа дисциплина ќе настапат вкупно 57 натпреварувачки.
На првиот ден од Игрите во Рио ќе бидат доделени медали во вкупно седум дисциплини, а ќе почнат натпреварите и во уште 14 спортови.