Србија доцна ноќеска ја победи Хрватска во најинтересниот натпревар од четвртфиналната фаза на кошаркарскиот турнир што се одржува на Олимписките игри во Рио. Србите стигнаа до победата од три разлика во пенал завршница, откако претходно губеа на полувреме со шест поени, па потоа имаа убедлива предност од 14 коша по крајот на третиот период.
Пласман меѓу четирите најдобри ноќеска обезбедија и САД по убедливиот триуф над Аргентина.
Постигнати резултати во четвртфиналните дуели:
Шпанија – Франција 92:67,
Австралија – Литванија 90:64,
САД – Аргентина 105:78 и
Хрватска – Србија 83:86.
Двојките за полуфиналето се:
САД – Шпанија и
Австралија – Србија.