Кошаркарите на Хрватска ја постигнаа втората победа на Игрите во Рио откако во дуелот од 3. коло го победија домаќинот Бразил.
Со овој триумф Хрватска ги зголеми шансите за четвртфиналето, а Бразил во последните две кола ќе мора да „брка“ уште најмалку една победа.
Во дуелот на двете непоразени селекции до ова коло Литванија ја совлада Аргентина.
Резултати од 3. коло од Б групата: Бразил – Хрватска 76:80, Нигерија – Шпанија 87:96 и Литванија – Аргентина 81:73.
Табела: Литванија 6 бодови, Аргентина 5, Хрватска 5, Бразил 4, Шпанија 4, Нигерија 3.
На женскиот кошаркарски турнир се одиграа дуелите од 4. коло од А групата: Белорусија – Турција 71:74, Франција – Бразил 74:64 и Јапонија – Австралија 86:92.
Табела: Австралија 8 бодови, Франција 7, Јапонија 6, Турција 6, Белорусија 5, Бразил 4.