На женскиот олимписки одбојкарски турнир комплетирано е претпоследното, 4.коло, во групната фаза.
Во рамки на А групата, Аргентина го победи Камерун со 3-2, Русија славеше над Јапонија со 3-0 , а и домаќинот Бразил со максимални 3-0 беше подобар од Јужна Кореја.
Во група Б, максимални победи од 3-0 по сетови славеа, Србија над Кина и Холандија над Порторико, додека САД ја победи Италија со 3-1.
Во пресрет на последното 5.коло познати се седум од осумте селекции кои ќе играат во четвртиналето, а тоа се репрезентациите на: Бразил, Русија, Кореја (А група), Сад, Србија, Холандија и Кина (Б групат).