Кинеските атлетичари Жен Ванг и Желин Чаи ги освоија златниот и сребрениот медал во трката на 20 километри брзо одење.
Ванг кој пред четири години на Олимпијадата во Лондон ја освои бронзата, а минатата година на СП во Пекинг стигна до среброто, конечно во Рио се закити со најсјајното златно одличје. Тој патеката долга 20 километри ја мина во време од 1 час, 19 минути и 14 секунди што беше само за 12 секунди побрзо од сонародникот Чаи.
Бронзата му припадна Дани Бирд-Смит од Австралија кој за само 5 секунди беше побрз од домашниот бразилски фаворит Бонфима.
Третиот кинески атлетичар во оваа дисциплина Чен Динг инаку бранител на златото од Лондон трката во Рио ја заврши дури на 39-тото место.