Американката Маделин Дирадо го освои второто злато на Олимписките игри во Рио.
Дваесет и три годишната американска пливачка го освои златниот медал во дисциплината 200 метри градно со време од 2:05.99 минути, оставајќи ги зад себе Унгарката Катинка Хошу за само 6.стотинки.
Бронзата и припадна на Хилари Калдвел од Канада која имаше 1,55 секунди послабо време од победничката Дирадо за која овој медал беше вкупно четврти во Рио.