Женската ракометна репрезентација на Црна Гора со поразот од Норвашка 28-19 ги загуби и теоретските шанси за пласман во четвртфиналето на ОИ.
По овој пораз селекторот Драган Аџиќ, кој во последните шест години ги предводеше Црногорките до најголемите успеси меѓунив и олимпиското сребро од Лондон, најави дека по утрешниот меч со домаќинот Бразил ќе се повлече од функцијата.
Во групата А, остануваат повеќе отворени прашања околу конечниот пласман, но најважен е која ќе биде втората селекција покрај Црна Гора која нема да игра во четвртфиналето.
А, таму сигурно ќе ја нема и репрезентацијата на Аргенита која е убедливо последна без освоен бод во Б групата, во која пак Кореја ќе се надева на чудо и убедлив пораз на Холандија од Русија, па Корејанките со висок триумф над Аргентина можат да се најдат меѓу осумте најдобри селекции.
Резултати од претпоследно 4.коло:
А група: Бразил – Ангола 28-24, Романија – Шпанија 24-21 и Норвешка – Црна Гора 28-19.
Табела: Бразил 6 бодови, Норвешка 6, Ангола 4, Романија 4 Шпанија 4, и Црна Гора 0.
Б група: Шведска – Холандија 29-29, Русија – Аргентина 35-29 и Франција – Кореја 21-17.
Табела: Русија 8 бодови, Франција 6, Шведска 5, Холандија 4, Кореја 1 и Аргентина 0.
Последното 5.коло на програмата е утре.