Рио 2016: Чалмерс олимписки шампион на „стотка“ слободно

Од:

Осумнаестгодишниот пливач од Австралија, Кајл Чалмерс го освои златниот медал во трката на 100 метри слободно на Олимписките игри во Рио.

Тој имаше најдобро време – 47.58 секунди, додека место на пиедесталот изборија уште Питер Тимерс од Белгија (47.80 секунди) и Нејтан Едријан од САД (47.85 секунди).
Американката Кети Ледеки го освои своето трето злато во Рио како дел од штафетата на САД во трката на 4 х 200 метри слободно. Таа заедно со Алисон Шмит, Леа Смит и Маја Дирадо имаа време 7:43.03 минути.

Второто место го освои штафетата на Австралија, а трета беше Канада. Ова за Ледецки е вкупно четврти златен медал од Игрите во кариерата. Еден освои и на Игрите во Лондон на 800 метри слободно.

Дмитри Баландин од Казахстан беше најбрз во трката на 200 метри градно и го освои златниот медал прв за неговата држава во пливање на Олимписки игри. Тој победи пред Џош Прено од САД и Антон Чупков од Шпанија.

Мириета Белмонте Гарсија од Шпанија среброто од Лондон го „претвори“ во златото во дисциплината 200 метри пеперутка. Сребрениот медал и припадна на Медлин Грувс од Австралија, додека бронзата ја освои Нацуми Хоши од Јапонија.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ