Репрезентациите на Бразил и на Германија ќе се борат за златниот медал на фудбалскиот олимписки турнир во Рио.
Домашната селекција на Бразил иако лошо го започна турнирот сепак од натпревар во натпревар игра, а тоа го потврди синоќа во полуфиналето со победата над Хондурас од 6:0.
Серијата на голови ја отвори и затвори Нејмар со погодоците во 1. и 90+1 минута од пенал. Два гола постигна и Габриел Жесус (26. и 35.минута), а во листата на стрелците се запишаа уште и Маркињос (51) и Луан (79).
Во другото полуфинале Германија ја совлада Нигерија со 2-0.
Бразил и Германија ќе играат во финалето, а Нигерија и Хондурас ќе се борат за третото место.