Познати се четирите репрезентации кои ќе играат во полуфиналето на женскиот олимписки фудбалски турнир во Рио.
Жеснките фудбалски селекции на: Шведска, Германија, Бразил и Канада ќе се борат за медалите на Олимпијадата.
Во четвртфиналните натпревари, Шведска направи големо изненадување со елиминација на репрезентацијата на САД и тоа по подоброто изведување на пенали со 4:3 откако регуларниот дел заврши нерешено 1:1. Американките на последните пет Олимпијади постојано играа во финалето, а злато освојуваат во Лондон 2012, Пекинг 2008, Атина 2004 и Атланта 1996, додека во Синдеј 2000 ја освоија среброто. Сега Американките остануваат без медал.
Победа на пенали оствари и домашната селекција на Бразил која со 7-6 ја совлада Австралика, откако во 120-минути игра немаше голови.
Минимални победи од 1:0 остварија Германија над Кина и Канада во дуелот со Франција.
Двојките за полуфиналето се: Шведска – Бразил и Германија – Канада.