Очекувано, спортистите на САД се најтрофејните во досегашниот тек на на Олимписките игри во Рио.
Американците досега се закитија со 61 медал од кои дури 24 златни.
Последниот златен кој го освоија пливачките во штафетната трка 4х100 метри мешано, е вкупно 1.000 златен медал за Американцита во историјата на Олимписките игри.
Најмногу злата за САД имаат освоени атлетичарите 324, а по нив следуваат пливачите 244, од кои дуру 24 најсјајни одличја има најдобриот олимпиец во историјата на игрите Мајкл Фелпс, кој беше дел од штафетата на Американците 4х100 метри мешано која го освои вкупно 1001-то злато за САД.
Освоени медали З С Б Вкупно
1. САД 24 18 19 61
2. Кина 13 11 17 41
3. В. Британија 10 13 7 30
4. Германија 8 5 3 16
5. Јапонија 7 3 14 24
6. Русија 6 9 8 23
7. Австралија 6 7 9 22
8. Италија 6 7 5 18
9. Ј. Кореја 6 3 4 13
10. Франција 5 8 5 18