Рики Ламберт стана нов играч на Ливерпул. Тој потпиша двегодишен договор со тимот на Ливерпул, а за неговиот трансфер досегашниот негов тим Саутемптон заработи четири милиони фунти.
– Не можам да верувам. Цел живот го сакам овој клуб. Заминав пред 17 години, но никогаш не престанав да го сакам. Секогаш сонував да играм за Ливерпул, изјави 32-годишниот напаѓач.
Тој на 15-годишна возраст го напушти „Енфилд“ бидејќи тогаш луѓето во Ливерпул не веруваа во неговиот талент и квалитет.
– Мислев дека никогаш нема да ме побараат назад. Мило ми е што погрешив. Знам колку е Ливерпул голем клуб, затоа ќе се трудам да докажам дека сега не згрешија што ме повикаа, дополни Ламберт.