Возачот на Ред Бул Даниел Рикардо бара болидите во Формула 1 да бидат „потешки“ за возење отколку што е случајот сега. Тој смета дека на тој начин најдобрите возачи ќе се одвојат од просечните.
Новините кои се внесуваат во болидите според него ги направија премногу лесни за возење, па секој возач може многу лесно да се снајде во болидот.
– Полесен дел од денешното возење е физичкиот. Се сеќавам во 2009 година кога имав прв тест, физички болидот беше потешко да се вози. Добар возач денеска може да се доближи на една до две секунди во однос на ритамот на сегашните возачи, изјави Рикардо.
Годинашниов шампионат во Формула 1 ќе стартува со трката за Големата награда на Австралија што се вози на 15 март во Мелбурн.