Играчот на англискиот шампион Лестер, Ријад Марез, е избран за најдобар африкански фудбалер за 2016 година.
Тој беше еден од главните играчи на менаџерот Клаудио Раниери во освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата, придонесувајќи со 17 гола и 11 асистенции.
Марез во изборот доби 361 глас, пред напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг, кој доби 313 гласови. На третата позиција се пласира Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул, кој доби 186 гласови.