Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Од:

Италијанскиот судија Николи Рицоли кој ја делеше правдата на финалето од Мундијалот во Бразил потврди дека германскиот репрезентативец Кристоф Крамер го изгубил памтење во еден период од првото полувреме по добиениот потрес на мозокот.

– Крамер ми пријде и ми се обрати со зборовите „Судија дали е ова финале?“.

Помислив дека се шегува, а тој уште еднаш ми се обрати со барање да знае дали игра во финале. Кога му потврдив, се заблагодари со зборовите „Ти благодарам, ми беше многу важно да го знам тоа“. Потоа го советував капитенот Швајнштајгер да побара замена за Крамер, а наскоро тоа и се случи, истакна Рицоли.

Крамер на изненадување на сите доби шанса за првпат да заигра во почетниот состав на германската репрезентација и тоа токму во мундијалското финале. Тој по еден дуел со противнички играч доби повреда на главата во првото полувреме и беше заменет.

Во изјавите по финалето и самиот Крамер тврдеше дека не се сеќава на првото полувреме од финалето. Тој тогаш рече дека за него мечот почнал од вториот дел.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска

Светските шампиони дочекани од половина милион Германци

Ана Ололовска