Резарта Алими од џудо клубот „Гладијатор 2016“ од Кочани освои злато во Полска

Од:

Уште едно злато, трето годинава му донесе џудистката од Косово Резарта Алими на џудо клубот „Гладијатор 2016“ од Кочани. Taa се натпреваруваше во категорија од 13 години на меѓународен турнир што викендов се одржа во Полска.

– Овој пат имаше 13 земји учеснички со повеќе од 700 натпреварувачи, каде што Резарта Алими имаше три борби и во сите поентираше во самиот старт и го освоивме златниот медал. За краток период имаме освоено 4 златни медали на меѓународно ниво и тенденцијата е уште поголема за освојување балкански медал, рече Драган Шеќероски, тренер на џудо клуб „Гладијатор 2016“.

По враќањето од Полска активностите на кочанскиот џудо клуб продолжуваат со мини камп во Кавадарци.

– Во соработка со џудо клубот „Кожувчанка“ од Кавадарци заедно со уште два други клуба од Македонија имаме заеднички мини камп со мајсторот по џудо од Белгија, Габриел Сапта. Ние ќе настапиме со 15 наши џудисти, додаде Шеќероски.

Следна активност на клубот од Кочани е учеството на викенд семинарот за судии и тренери што ќе се одржи на 11 и 12 март во Прилеп, а по него кочанските џудисти се подготвуваат за Државното првенство за пионери и сениори што ќе се одржи на 19 март во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

Орце Костов

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат