Празнично денеска ќе бидат одиграни реванш полуфиналните натпревари во фудбалскиот Куп на Македонија, по кои ќе бидат познати двата финалисти.
Од 16 часот на стадионот во скопската општина Ѓорче Петров, Тетекс ќе ја има улогата на домаќин во натпреварот против Силекс од Кратово. Тетовчани се поблиску до финалето имајќи ја во предвид минималната победа од 1:0 остварена на првиот натпревар на гостински терен.
Вториот полуфинален меч ќе се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје со почеток од 18 часот и 30 минути, а во него Вардар и Шкендија влегуваат без предност по нерешените 0:0 од првата средба во Тетово.