Реванш полуфинални натпревари во кошаркарскиот Еврокуп

Од:

Во второто по ранг европско кошаркарско клупско натпреварување, Еврокупот, вечерва ќе ги дознаеме имињата на двете екипи кои ќе играат во финалето.

Вечерва на програмата се реванш полуфиналните натпревари во Еврокупот.

Италијанската екипа Тренто е на чекор до големото финале бидејќи покрај предноста на домашниот терен во вечерашниот меч против францускиот тим Стразбур, Тренто ќе има и предност од 6 поени остварена на првиот меч во Франција каде славеше победа со 74-68.

Многу блиску до финалето е и турската екипа Галатасарај која на првиот натпревар во Истанбул ја совлада екипата на Град Канарија со 89-75, па турскиот состав на вечерашното гостување во Шпанија може да си дозволи и пораз не поголем од 13 поени разлика.

Натпреварот Тренто – Стразбур ќе започне во терминот од 19 часот и 30 минути, додека дуелот Гран Канарија – Галатасарај ќе стартува од 21 часот и 30 минути.

Финалните натпревари ќе се играат на 22 и 27 април.

Би можело да ве интересира

Мечевите од еврокуповите во Скопје ќе се играат со 30 отсто публика на „Тоше Проески“

Жарко Настоски

Еврокуп најави одложување на три натпревари од 6. коло

Ана Ололовска

Познати сите учесници во Еврокупот

Ана Ололовска

Карпош Соколи ги доби противниците во Еврокупот

Ана Ололовска

Уникаха го освои Еврокупот

Наум Локоски

Валенсија и Уникаха во дуел за трофејот во Еврокупот

Наум Локоски