Во второто по квалитет европско кошаркарско натпреварување, Еврокупот, денеска ќе се играат реванш натпреварите од четвртфиналето.
По првите одиграни дуели во серијата подобар во три сердби, предност од 1-0 остварија сите четири тима кои играа на домашен терен.
Затоа, сега домаќините се пред императив за победа, доколку сакаат да ги сочуваат шансите за пласман во полуфиналето.
Термините за одигрување на денешните натпревари се:
17:30 Химки Москва – Валенсија
18:00 Зенит Ст. Петербург – Локомотив Кубан
20:45 Уникаха – Баерн Минхен
21:30 Гранд Канарија – Хапоел Ерусалим
Евентуалните мајсторки на програмата би биле на 8 март.