Ренова неделава почнува со тренинзи, Исљами останува предводник на екипа

Од:

Бујар Исљами останува шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Ренова од тетовско Џепчиште, со нов договор за соработка во времетраење од една година, информираат денес од клубот.

Тој го предводеше тимот и во измината 2019/2020 сезона.

На шефот на стручниот штаб, помошници ќе му бидат Бехар Укали и Енвер Рамадани.

– Најважно за нашиот тим е што ја поминавме кризата со Ковид-19, бидејќи неколку играчи беа позитивни на вирусот. Сега сите го поминаа тоа без последици. За во четврток е планирана прозивка на играчите и започнување со тренинзи. Се надевам дека добро ќе се подготвиме за новото превенство и дека како кандидати за европските натпревари ќе имаме можност да се претставиме и на тие натпреварувања. Значајна улога имаа во ова достигнување фудбалерите од актуелниот состав, се надевам дека со нив ќе постигнеме договор за продолжување на соработката, рече Исљами.

Инаку вчера, за сите играчи и останатите во клубот се пристигнати и вторите резултати за Ковид-19 кои се негативни.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска