Првиот натпревар од 16. коло во македонската Прва фудбалска лига, помеѓу екипите на Ренова и Дрита, заврши со сигурен триумф на домаќинот од 2:0.
Двата погодока на натпреварот беа дело на напаѓачот Бобан Јанчевски.
Останатите натпревари од 16. коло од Првата лига се играат утре, а најинтересна ќе биде пресметката помеѓу директните ривали за шампионската титула, Хоризонт Турново и Вардар.