На отворањето на 22-коло од Првата македонска фудбалска лига поладнево во Тетово, екипата на Ренова го совлада Работнички со 3:1.
Головите за домашниот тим ги постигнаа Горан Силјановски, Сашко Ристов и Арџент Гафури, додека Бошко Ступиќ погоди за гостинот од Скопје.
Во вториот дуел од овој круг вечерва во Скопје од 19 часот играат Вардар – Брегалница.
Двојките за утрешните четири натпревари кои почнуваат во 16 часот се: Дрита – Металург, Силекс – Шкендија, Тетекс – Напредок и Турново – Пелистер.
Табела: Вардар 42 бодови, Турново 39, Металург 35, Напредок 35, Ренова 31, Работнички 30, Шкендија 29, Брегалница 28, Пелистер 24, Дрита 24, Силекс 18 и Тетекс 13.