Официјалниот снабдувач на гуми за Формула 1 – „Пирели“ – го откри изборот на тимовите за првиот круг од сезоната 2019 – Гран при на Австралија.
Италијанската компанија ќе нуди три од вкупно пет видови гуми за секоја трка од календарот во споредба со седум во 2018-та. Мешавините ќе варираат помеѓу „Ц5“ – најмеките и „Ц1“ – најтврдите. За првиот круг, „Пирели“ избра мешавини „Ц2“, „Ц3“ и „Ц4“.
Рено ќе се потпрат најмногу на „Ц4“ колекции – десет, а фаворитите Мерцедес, Ферари и Ред Бул ќе користат девет комплети од најмеката опција за Австралија. Меѓу нивните пилоти, само Шарл Леклер од Ферари и Нико Хулкенберг од Рено ќе се потпираат на два сета од најцврстите мешавини, додека останатите натпреварувачи имаат на располагање само по една.
Најконзервативно пристапуваат Рејсинг Поинт и Вилијамс, кои земаат само по осум комплети од „Ц4“.