Владата во Франција го одобри кредитот од пет милијарди евра за „Рено“

Од:

Францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер ќе го ратификува државниот загарантиран кредит од пет милијарди евра за помош на производителот на автомобили „Рено“.

– Бруно Ле Мер денеска ќе ја потпише гаранцијата за заем од пет милијарди евра за „Рено“, соопшти Министерството за економија на Франција.

Министерот „побара веднаш да се отвори социјален и технички дијалог, за да се развие индустриски проект за иднината (…) кој ќе треба да ги гарантира, на долгорочно, и по 2023 година, работните места и нивото на индустриска активност во фабриката во Мобеж“.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден