Формула 1 тимот на Ред Бул се помалку загрижени од Ферари и како главен конкурент на патот кон четвртата последователна светска титула кај конструкторите и возачите, вистинскиот конкурент го гледаат во тимот на Мерцедес.
На прв поглед трикратниот светски шампион Себастијан Фетел се бори за својата четврта титула со вториот Кими Раиконен од Лотус, кој заостанува од Германецот на 38 поени и Фернандо Алонсо од Ферари кој има негатива од 39 поени.
Вистината е дека Мерцедес се многу брзи добивајќи ги речиси сите квалификации од почетокот на сезоната 2013 и имаат вкупно три победи.
Па возачот на Германците, Луис Хамилтон е всушност скриениот конкурент за титулата со заостанување од 48 поени, кои може да се стопат до последната трка во Бразил.
„Не очекував многу неизвесна втора половина од сезоната. За нас не е важно кој е главниот наш конкурент за титулата. Во Формула 1 има многу големи тимови, кои знаат како се освојуваат шампионати. Уште по втората трка се виде дека Мерцедес се многу силни. Можеби имаат најбрз болид. Се докажаа со тоа што победија на шест или седум квалификации од 10-те можни“, изјави Хорнер.