Ред Бул негира дека ќе го врати Себастијан Фетел

Од:

Техничкиот советник на Ред Бул Рејсинг – д-р Хелмут Марко – беше непопустлив и ги негираше сите гласини кои укажуваат на враќање на Себастијан Фетел во тимот, со кој Германецот ги освои сите четири светски титули.

Иднината на 32-годишниот возач на Ферари е повторно централна тема на дебата по италијанското Гран При. На „Монца“, Фетел повторно направи грешка и ја заврши трката на 13 место, додека неговиот колеа, Шарл Луклер победи и ја прекина 9-годишната суша за „Скудерија“.

Се разбира, ако станува збор за разделба со „црните коњчиња“, двете најреални опции за Фетел би биле Ред Бул и Мерцедес. Хелмут Марко побрза да ги отстрани „биковите“ од можна битка за потписот на искусниот Германец.

– Не знам каква ќе биде неговата иднина. Имавме неколку одлични години заедно, но сега ги имаме нашите четворица пилоти (заедно со тие од Торо Росо), рече д-р Марко.

Во исто време, сегашниот водечки пилот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја поздрави идејата да стане колега со Леклер во одреден момент во иднина.

– Шарл и јас можеме да возиме во ист тим. И двајцата сакаме да победуваме, но се почитуваме, сподели Холанѓанецот.

Би можело да ве интересира

Ред бул го реорганизираа Ф1 тимот по смртта на Дитрих Матешиц

Горан Наумовски

Почина сопственикот на Ред Бул

Горан Наумовски

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска