Тимот на Ред Бул користел предни крила кои му даваат поголема аеродинамичност на болидот, па доби казна од Светската автомобилистичка федерација (ФИА).
Рикардо и Фетел ќе мора да стартуваат како последни на утрешната трка (почеток 14 часот), но само доколку тимот ги корегира спорните делови на нивните болиди.
На денешните квалификации тандемот на Ред Бул го освои третиот стартен ред, Рикардо се пласираше на петтата позиција, а Фетел беше шести.