Ред Бул и Фетел по третата титула во низа

Од:

Ред Бул би можел да влезе во историјата на утрешната трка за Големата награда на Абу Даби како еден од ретките тимови со три последователни титули во конкуренција на конструктори.

На три трки до крајот на сезоната, Ред бул има 91 бод повеќе од Ферари, односно 101 од Мекларен.

„Доколку го освоиме првенството по третпат, тоа ќе биде убедливо нашето најголемо постигнување. Малку тимови го оствариле тоа, а нам би ни успеало под три различни регулативи и со три различни снабдувачи со гуми“, оцени шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер.

Меѓутоа и пилотот на Ферари, Фернандо Алонсо, заостанува 13 бода зад Себастијан Фетел, кој, пак има четири победи по ред, а и минатите две сезони беше шампион, доколку успее да победи ќе биде многу блиску да stane samo третиот пилот со три титули во низа.

Пред него тоа му успеало на Шумахер кој има 5 титули во низа, и Хуан Мануел Фанџо со 4 титули едноподруго.

„Не постои магично копче, но ќе се обидеме. Ред Бул има голема предност и може да направи грешка, а да не биде казнет. Потребни ни се само неколку десетинки. По четири победи, мислиме дека Ред Bул би требало да почне да паѓа“, изјави Алонсо.

Патеката „Јас Марина“ го фаворизираше Ред бул во минатото, иако Фетел лани прв се откажа од трката.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он