Ред Бул го смени Гасли со дебитант

Од:

Тимот на Ред Бул Рејсинг реши да го замени Пјер Гасли со Александар Албон. Двајцата пилоти ги разменуваат местата, откако Албон е нов соиграч на Макс Верстапен, а Гасли е испратен назад во Торо Росо.

Албон ја вози својата деби сезона во Формула 1 и досега има запишано 16 поени од 12 трки. Од Ред Бул додадоа дека тој ќе вози до Верстапен од следната трка во Белгија, а по крајот на сезоната ќе се знае дали ќе остане и за 2020 година.

Пјер Гасли дојде во Ред Бул на почетокот на сезоната на местото на Даниел Рикардо, но не успеа да се доближи до резултатите на неговиот тимски колега Макс Верстапен. Французинот е на шестото место во пласманот со 63 поени, а негово најдобро достигнување е четвртото место на британското Гран При.

Пред само неколку дена, шефот на „биковите“, Кристијан Хорнер изјави дека Гасли нема да биде заменет, но го предупреди дека треба да ги подобри неговите перформанси.

– Мислам дека треба да се одмори добро за време на летната пауза и да ги научи лекциите што му се потребни за вториот дел од сезоната. Ова е клучно за нас ако сакаме да имаме шанси да ги стигнеме Ферари до крајот на годината. Имаме намера да го оставиме до крајот на годината, но сакаме да извлече повеќе од потенцијалот на автомобилот, рече Хорнер по унгарското Гран при.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он