Речиси стопроцентна вакцинираност во италијанската Серија А

Од:

Дури 98 отсто од играчите во првата италијанската фудбалска лига се вакцинирани со две дози против коронавирус, објави денеска Серија А.

Италијанското првенство оваа сезона не е силно погодено од пандемијата на коронавирус, а бројот на позитивни случаи меѓу фудбалерите е релативно низок.

Италијанскиот Национален здравствен институт (ISS) соопшти во средата дека Делта сојот и натаму преовладува во земјата, а официјалните податоци покажуваат дека вкупниот број заразени случаи со сојот Омикрон заклучно со 15 декември изнесувал 28,

Ситуацијата е дијаметрално спротивна во Англија каде најмалку пет натпревари во Премиер лигата се откажани за претстојниот викенд поради забрзаното ширење на Омрикон сојот меѓу британската популација.

Последните податоци од Премиер лигата со врска со вакцинирањето од средината на октомври покажуваа дека 81 отсто од играчите се вакцинирани со една, а 68 проценти со две дози.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

(ВИДЕО) Повторно фудбалер на Фиорентина се сруши на терен, играчите панично повикуваа помош

А1он

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години