Реал Мадрид ја одбрани титулата во Суперкупот на УЕФА

Од:

Реал Мадрид е освојувач на УЕФА Супер купот.

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид вечерва во преполната Национална арена „Филип Втори“ во Скопје ја победи екипата на Манчестер Јунајтед (освојувач на Лига Европа минатата сезона) со 2:1.

Головите за „Кралскиот тим“ ги постигнаа Касемиро (24.минута) и Иско (52).

Манчестер преку новото засилување Лукаку во 62.минута само успеја да го ублажи поразот на 2:1

За Реал ова е четврти трофеј во Супер купот, а втор во низа. Мадридскиот тим со тоа стана втората екипа по Милан, кој двапати последователно се радуваше на овој трофеј (1989 и 1990 година). Претходно Реал покрај минатогодишниот трофеј до кој стигна со победата над шпанскиот ривал Севиља 3-2, победи и во 2002 година против Феенорд (3-1) и 2014 година во Кардиф повторно против Севилја со 2-0.

Манчестер Јунајтед и по трет пат во низа не успева да стигне до трофејот кој „црвените ѓаволи“ го освоија пред 26 години, кога во 1991 година ја совладаа белградска Црвена Звезда.

Со овој триумф Реал ја продолжи доминацијата на шпанските екипи кои сега имаа 14 трофеи од Супер купот, пред тимовите од Италија кои имаат 9 трофеи, додека за англиските екипи останаа на седум триумф.

Скопје и Република Македонија се покажаа како одлични организатори на овој голем фудбалски настан кој беше пренесуван во над 200 земји ширум светот.

Би можело да ве интересира

Недановски: Вардар е подготвен за Суперкупот

Ливерпул го освои Суперкупот на Европа по голема драма и пенали

Четири екипи ќе играат во шпанскиот Суперкуп 2020

Јавното обвинителство се спогодило со петте приведени лица за препродавање билети за Суперкупот

Наум Локоски

Ѓорѓиоски: Скопје и Македонија неколку дена беа центар на светската спортска јавност

Наум Локоски

(ФОТО) Наместо фудбал, на плоштад се гледаа реклами

Наум Локоски