По поразот од селекцијата на Чешка, селекторот на Македонија, Раул Гонзалез изјави дека била испуштена голема шанса за висок пласман.
– Имавме добар натпревар, но немавме среќа во последните 15 минути. Во второто полувреме противникот одигра многу подобро, а ние пропуштивме шанса да го освоиме третото место во групата и да се бориме за петто и шесто место на турнирот, изјави Гонзалез.
Според него утре против Данска ќе биде многу поразличен и потежок натпревар.